Карл Ентони Таунс постигна 60 поени во неверојатната победа на неговиот тим Минесота тимбервулфс над Сан Антонио спарс од 149:139.
Предводникот на Волците повеќето од половината поени ги постигна во треттата четвртина, каде што броеше дури до 32, а покрај тоа што ова е најголем број поени во една четвртина сезонава, 60 уфрлени кошеви се највисоката бројка од еден НБА-играч во досегашниот тек од сезоната.
Ова претставува домашна задача за останатите НБА-ѕвезди да пробаат да го урнат најдоброто достигнување на еден натпревар сезонава, иако тоа воопшто нема да биде лесно во завршницата од регуларниот дел од сезоната.
🔥 KARL-ANTHONY TOWNS 🔥
🐺 32 PTS IN Q3
🐺 60 PTS TOTAL (NBA SEASON HIGH)
🐺 17 REBOUNDS
🐺 @Timberwolves WINBIG KAT #RaisedByWolves pic.twitter.com/PXslosheQu
— NBA (@NBA) March 15, 2022
Воедно, тој остана првиот играч којшто во кариерата на еден меч има најмалку 55 поени, 15 скокови и шест постигнати тројки. Претходно вакво нешто на КАТ му успеа во 2018-та година.
🐺 @KarlTowns is the only player to ever score 55+ points, 15+ rebounds, and 6+ threes in one game….HES DONE IT TWICE (Tonight and 3/28/2018)!
Check out the best of KAT’s 2 incredible 55+ point performances! pic.twitter.com/G0hoawwQx1
— NBA (@NBA) March 15, 2022