Откако ватерполо клубот Партизан од Белград со соопштение до јавноста се пожали на условите во кои тренираат (немање адекватно греење во зимскиот период), и побара помош од сите кои може да им помогнат да го решат проблемот, прва се јави пејачката Јелена Карлеуша.
Карлеуша, чиј сопруг е фудбалерот Душко Тошиќ, преку Твитер порача дека на ватерполистите ќе им даде 100.000 динари (околу 900 евра) како придонес за решавање на нивниот проблем, а побара и други да се приклучат. Од Партизан беа скромни, бараа по 3.000 динари месечно во петте месеци додека трае грејната сезона.
„Уплатив симболични 100.000 динари. За ватерполистите. За српската гордост. За греење. Како држава, го допревме дното. Ве молам, кој колку може, да помогнете и вие. Српското ватерполо заслужи да добие помош од овој народ, кога веќе државата не ја боли к….“ – напиша Карлеуша, која додаде дека уплатницата ја пополнил нејзиниот брат Марко, стидент на четврта година на Медицински факултет.