Карло Анчелоти честиташе: Барселона играше сјајно и заслужено ја освои титулата

Карло Анчелоти затвора една успешна ера како тренер на Реал Мадрид, но за негова жал и разочарување на фановите на Кралскиот клуб, сезонава без ниту еден освоен трофеј. Италијанскиот стратег треба да ги одработи уште последните две кола од домашното првенство, а потоа ќе замине во Бразил да го превземе кормилото на петкратниот светски репрезентативен шампион.

„Барселона имаше сјајна сезона и за тоа треба да им се честита на ривалите. Тие беа најконстантниот тим во лигата. Играа прекрасен фудбал. Да, заслужено ја освоија титулата, но следната сезона ќе биде поинаку“, рече Анчелоти.

Искусниот стратег признава дека сезонава била лоша за Реал, но тоа е фудбал и мора некогаш да има и такви моменти.

„Зошто се мачевме да имаме добри резултати сезонава? Понекогаш и тоа се случува. Барселона многу добро си ја заврши работата“, додаде италијанскиот стратег.

Од следната сезона на клупата на Реал ќе седне Чаби Алонсо, кој доаѓа од германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен. Алонсо има играно за Реал и многу добро го знае менталитетот на Кралскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести