Италијанските медиуми пласираа „бомбастична“ информација дека Карло Анчелоти и Масимилијано Алегри се главни кандидати за тренери на Рома во следната сезона.
Клаудио Раниери кој привремено го води тимот во моментов, има задача да најде тренер и на врвот на листата на желбите му се Анчелоти за кого има најави дека оваа ќе му биде последна сезона во Реал Мадрид, и Алегри кој е без работа откако се раздели со Јувентус.
Анчелоти како играч, мина осум години во Рома, со Волчицата го освои и Скудетото. Како тренер, популарниот Карлето во Италија има работено во Парма, Јувентус, Милан и Наполи, но не и во „неговата“ Рома.