10.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Карло Анчелоти е убедливо најплатениот селектор на светот

Италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“ објави листа на десетте најскапи селектори на светот.

Прв според заработката е Карло Анчелоти, кој за функцијата која ја врши во Бразил добива 9,5 милиони евра, со што е убедливо прв.

Втор е Томас Тухел, кој ја води Англија со 5,9 милиони, а трет е Јулијан Нагелсман од Германија со 4,9 милиони. Интересно е дека на четврто место е Фабио Канаваро, кој пред неколку дена стана селектор на Узбекистан за годишна плата од 4 милиони евра.

Во топ 10 се и Роберто Мартинес (Португалија), Дидие Дешан (Франција), Марсело Бјелса (Уругвај), Роналд Куман (Холандија), Густаво Алфаро (Парагвај) и Лионел Скалони (Аргентина). Скалони, кој со Аргентина стана светски првак на СП 2022 во Катар, заработува 2,3 милиони евра.

Иако има двајца Италијанци во топ 10, таму го нема Џенаро Гатузо, кој е селектор на Италија. Според „Газета“, Гатузо е платен 800 илјади евра, а ако Италија се пласира на СП, ќе добие бонус од 1 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести