Карло Анчелоти има слатки маки: Дали Мбапе ќе биде стартер против Аталанта?

Килијан Мбапе летово конечно го реализира долго посакуваниот трансфер и го облече дресот на Реал Мадрид. Францускиот голгетер сега има шанса во првиот меч како играч на Кралскиот клуб да се израдува и на трофеј.

Реал вечерва во Варшава ќе игра против италијанската Аталанта во финалето на Суперкупот на УЕФА, Шпанскиот гигант, како актуелен освојувач во Лигата на шампионите, е фаворит против тимот од Бергамо кој го направи најголемиот клупски успех со освојувањето на Лигата на Европа пред неколку месеци.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е задоволен од тоа како се подготвуваа неговите играчи во изминатиов период, а италијанскиот стратег уште не открива дали Мбапе ќе биде стартер против Аталанта.

„Килијан ќе донесе свој квалитет и ќе треба да се прилагоди на овој тим, како што тоа го прават сите останати. Многу сум среќен што Мбапе е тука и сигурен сум дека брзо ќе се адаптира. Малку време имаше да тренира заедно со тимот, но секако дека е големо засилување. Покажа дека во добра форма пристигна во Мадрид. И останатите играчи се одлични. Сите кои се дел од тимот може да бидат во стартниот тим против Аталанта“, вели Анчелоти.

На претставувањето како нов играч на Реал, Мбапе јасно изјави „Би гол дал животот за овој клуб. Горд сум што го остварив мојот сон и станав играч на најдобриот клуб во историјата на клубот“.

- Оглас -

Најнови вести