19.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Карло Анчелоти постави нов рекорд во европските натпреварувања

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти постави нов рекорд во Реал Мадрид, станувајќи тренерот со најмногу натпревари во европските натпреварувања за клубот.

Со триумфот од 2-3 против Манчестер сити во првиот плејоф-дуел од Лигата на шампионите, Анчелоти стигна до својата 72-ра европска средба на клупата на Кралевите, со што го надмина легендарниот Мигел Муњоз, кој го водеше тимот меѓу 1960 и 1974 година.

Анчелоти, кој е во својот втор мандат во Реал (2013-2015, 2021-), досега трипати ја освои Лигата на шампионите со клубот (2014, 2022, 2024). Тој е и рекордер во ова натпреварување со вкупно пет титули бидејќи двапати триумфираше и со Милан (2003, 2007).

Со Реал Мадрид е на добар пат кон осминафиналето оваа сезона, па 65-годишниот Анчелоти има шанса да ја зголеми својата колекција во елитниот европски фудбал.

- Оглас -

Најнови вести