Првиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, уште е со коронавирус, и нема да ја води екипата на денешното гостување од 18.30 часот кај Селта во Виго.
На клупата на Кралскиот клуб ќе седи првиот помошник на Карло, неговиот син Давиде Анчелоти.
Првите 11 со кои Реал ќе го почне дуелот, ќе ги одреди Карло, но останатите обврски ќе ги преземе Давиде. За Давиде не е првпат да го менува неговиот татко на натпревар. Истото се случи и во сезоната 2019/2020 кога беа во Наполи.
Анчелоти сениор се надева дека наскоро ќе добие негативен резултат на тестот, па ќе може да патува со тимот во Лондон на гостувањето кај Челзи в среда.