Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е првиот финалист на годинашниот Ролан Гарос, откако неговиот противник Лоренцо Музети го предаде полуфиналниот меч поради повреда во четвртиот сет.
Во тој момент резултатот беше 2-1 во сетови за Алкарас (4-6, 7-6, 6-0), со водство од 2-0 и во четвртиот сет.
Музети започна силно и го освои првиот сет со брејк во десеттиот гем, но Алкарас возврати со победа во вториот сет, кој се решаваше во тај-брејк со 7-3 на поени.
Откако Алкарас доминираше во третиот сет со 6-0, Музети покажа јасни знаци на физички пад и по само два гема во четвртиот сет реши да се повлече од мечот.
Алкарас така избори свое прво финале на Ролан Гарос, каде што ќе го чека победникот од второто полуфинале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.