26.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Карлос Алкарас има тројца фаворити за освојување на Златната топка (Фото)

Карлос Алкарас веќе е во четвртфиналето на Вимблдон, но Шпанецот уште еднаш покажа дека е одличен познавач на фудбалот. Вториот светски тенисер е голем љубител на најважната споредна работа, а на прашањето кој е фаворит за освојување на Златната топка, одговорот на Алкарас гласеше: „Јамал, Дембеле и Рафиња“.

Интересно, двајца од тројцата фудбалери се членови на Барселона, додека третиот е поранешен фудбалер на „каталонците, но блесна во дресот на ПСЖ.

Веднаш следуваа коментари од типот „Овој дечко одлично го познава фудбалот“ и „Вистинскиот знае да ги препознае вистинските“.

- Оглас -

Најнови вести