Карлос Алкарас се израдува на 200-та победа во кариерата

Карлос Алкарас без никакви проблеми се пласираше во четвртфиналето на АТП 500 тунирот во Пекинг, откако експресно славеше над Талон Греикспур со 2:0 во сетови. Младиот шпански тенисер беше речиси перфектен на овој меч, откако ги доби сетовите со 6:1 и 6:2, а мечот траеше само 57 минути.

Оваа победа на Алкарас има посебна вредност, затоа што таа е јубилејна 200-та во неговата профи кариера. Тој е само третиот тенисер роден по 2000 година што стигнал до 200 победи, приклучувајќи се на Феликс Оже-Алијасим (24 години) и Јаник Синер (23 години). Алкарас е најмлад меѓу овие тројца и има само 21 година.

Малку фалеше Алкарас да биде тенисер на кој набрзо стигнал до 200 победи во кариерата, кој е во сопственост на легендарниот Џон Мекинро. Алкарас до 200 победи стигна со одиграни седум меча повеќе од тоа што му требало на Мекинро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести