Карлос Алкарас спречи да има една од најголемите сензации во историјата на Вимблдон

Речиси четири и пол часа му беа потребни на Карлос Алкарас за да го победи Фабио Фоњини, во првото коло на Вимблдон. Алкарас кој е актуелен бранител на трофејот, неочекувано мораше да игра пет сета за да го победи 38-годишниот ветеран од Италија. На крајот, Алкарас беше подобар со 3:2 во сетови.

Уште во првиот сет беше јасно дека ова ќе биде неверојатно долг и исцрпувачки дуел. Беше 5:5 во гемови кога Алкарас направи брејк и потоа го доби сетот со 7:5. Ова не го разочаран Фоњини кој продолжи со добра игра во вториот сет. Алкарас направи брејк и потоа поведе со 4:2, но Италијанецот се врати во игра и израмни на 4:4, а потоа се стигна до 6:6 и тај-брејк, каде искусниот 38-годишен Фоњини беше подобар со 7:5.

Во третиот сет имаше дури пет брејка, односно освоени гемови на противнички сервис, а на крајот профитираше Алкарас кој го доби со 7:5 и поведе со 2:1 во сетови. Во четвртиот сет доминција на Фоњини.

Италијанецот кој е дури 16 години помлад од Алкарас изгледаше супериорно. Фоњини направи два брејка и го доби сетот со 6:2, па победникот мораше да се одлучи во решавачкиот петти сет.

Кога се работи за петти сет, Алкарас до овој меч во кариерата имал 14 дуели во пет сета, а успеал да победи на 13, а загубил само еднаш. Дека е доминантен во овие ситуации покажа и овојпат на Вимблдон.

Актуелниот бранител на трофејот добро започна и рано направи брејк за водство од 2:0. Потоа Фоњини не искористи две брејк топки, па Алкарас стигна и до 3:0. Потоа следуваше 15-минутна пауза откако на еден гледач во публиката му се слоши и му беше потребна лекарска помош.

Откако продолжи мечот, Алкалрас продолжи да доминира во решавачкиот сет и на крајот го доби со убедливи 6:1, за пласман во второто коло на Вимблдон.

Последен пат актуелен првак на Вимблдон беше елиминиран во првото коло во 2003 година кога Лејтон Хјуит загуби од Иво Карловиќ. Цели 15 години се немаше случено бранителот на трофејот да игра пет сета во првото коло, уште од 2010 година кога Роџер Федерер се „спасуваше“ од сензационална елиминација во петиот сет.

Во второто коло Алкарас ќе игра со Британецот Оливер Тарвет кој е на 733 место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести