Карлос Алкарас се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Доха, откако по голема борба и два и пол часа игра го победи Карен Хачанов со 2:1 во сетови. Многу потешко од очекуваното Шпанецот се пласираше во полуфиналето.
Првиот сет кој траеше повеќе од еден час го доби Хачанов и тоа во тај-брејт со 7:6. Тоа беше знак дека Алкарас мора да заигра многу подобро, па во вториот сет направи еден брејк и го доби овој сет со 6:4.
Како одминуваше мечот, Хачанов ја губеше силата, а Алкарас тоа знаеше да го искористи, па во третиот сет Шпанецот направи два брејка и го доби сетот со 6:3 за победа и место во полуфиналето.
Еден необичен инцидент го одбележа овој меч. Во првиот сет, судијката Марија Чичак го опомена Алкарас дека го надминува дозволеното време кое може да го користи меѓу два поени. Шпанецот се налути, сметајќи дека не добил доволно време да го земе пешкирот и да одмори, пред да започнат да течат тие 25 секунди до следниот сервис.
„Карлосе го сопрев часовникот додека не дојде до делот каде што е пешкирот. Тогаш започнаа да течат 25 секунди, кога дојде до пешкирот“, реагираше судијката Чичак, а потоа Алкарас збесна и почна да пцуе.
„Значи не ми дозволувате да одам до пешкирот. Ништо не ми дозволувате“, рече Алкарас кон судијката, а потоа се сврте кон својот тим и почна да пцуе: „АТП правилата се ср*ње! Ср*ње!“, реагираше Алкарас.
Carlos Alcaraz 🇪🇸 après avoir reçu un avertissement pour dépassement de temps après ce point. 🤐
🗣️ « Les règles de l’ATP sont merdiques. MERDIQUES. »pic.twitter.com/EI2rg06NVl https://t.co/ZZjrPFxlXR
— Univers Tennis 🎾 (@UniversTennis) February 19, 2026

