Карлос Алкараз прв пат го освои Мастерсот во Монте Карло

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е победник на Мастерс турнирот во Монте Карло. Во големото финале, Алкарас со пресврт и 2:1 во сетови го победи Лоренцо Мусети од Италија. Ова е шеста Мастерс титула за Алкарас, а прва во Монте Карло.

Финалето започна добро за Мусети кој го доби првиот сет со 6:3, но потоа следуваше целосна доминација на Алкарас. малер за Мусети беше тоа што се повреди и едноставно не можеше да даде дополнителен отпор.

Вториот сет Алкарас го доби со 6:1 и уште тогаш беше јасно дека Мусети нема да има сили да се спротистави во решавачкиот трет сет. Алкарас го доби третиот сет за само 26 минути со „чисти“ 6:0 и прв пат по седум годни, Шпанија има победник во Монте Карло.

- Оглас -

Најнови вести