Иво Карловиќ ја живее 41-та година од животот и вели дека едвај чека да просолжи тениската сезона и дека воопшто и не размислува за пензионирање.
„Ме прашувате кога ќе се пензионирам. Никогаш“, на шега изјави еден од највисоките играчи во модерната ера на тенисот.
Иво има освоено 8 АТП титули, со неговиот разорен сервис секогаш бил незгоден противник и за најдобрите тенисери на планетата, а најдобар ранкинг во кариерата му е 14. позиција на АТП листата.
Во 2005 година го освои и пехарот во Дејвис купот со Хрватска што му е и најголем успех во кариерата, во која има одиграно неколку легендарни мечеви.
“Највредна победа ми е таа против Лејтон Хјуит во првото коло на Викмблдон во 2003 година. Лејтон беше бранитело на трофејот, но успеав со пресврт да го победам со 3:1 во сетови. Секако ги паметам и поразите, а по еден таков не можев да спијам еден месец. Во финалето на Вашингтон пред четири години ја загубив титулата, иако ја имав на тацна. Монфис ме победи, а потоа не можев долго време да се помирам со неуспехот“, вели Карловиќ.