-2.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Карпата му даде поддршка на Милан пред дербито со Јувентус (Видео)

Милан објави ексклузивна соработка со филмското студио „Ворнер Брадерс дискавери“ за новиот филм „Црниот Адам“ со кој главната улога ја има Двејн Џонсон, познат како Карпата.

Џонсон кој е еден од најпопуларните луѓе на светот според бројот на следбеници кои ги има на Инстаграм, испрати поддршка за Росонерите пред денешното дерби со Јувентус.

Инаку и вечерва на полувремето на дуелот Милан – Јувентус, на „Сан Сиро“ ќе биде пуштена видео порака од Карпата.

 

- Оглас -

Најнови вести