Репрезентацијата на Англија со двата гола на Хари Кејн дојде до победата над Финска од 2-0 на „Вембли“ во Лондон, но за англиските навивачи повторно главна тема е привремениот селектор Ли Карсли. Поранешниот репрезентативец на Северна Ирска повторно не ја пееше химната, а тоа наиде на негодување кај навивачите.
„Треба да му биде срам! Веднаш да добие отказ!“ и „Што мисли тој? Оставка!“ – се само дел од коментарите упатени кон Карсли, кој пак вели дека за него најважен е фудбалот.
„Секогаш се борев со тоа и кога играв за химната. Химната само го одложува почетокот на мечот, прави проблем на загревањето. Никогаш не ја пеев“, рече Карсли во своја одбрана по мечот со Ирска.