Македонија в четврток ќе гостува во Палермо против Италија, во меч кој треба да го даде финалистот на баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Аѕурите се големи фаворити, но Македонија не се плаши од никого и сигурно ќе се обиде да изненади.
Картите за стадионот „Ренцо Барбера“ веќе неколку дена се распродадени, а интересот на навивачите во живо да го следат мечот е огромен. Во италијанските медиуми се појавија информации според кои, еден билет на „црно“ достигнува неверојатна цена од 1.079 евра!