Карвахал е уникат: Направи нешто што никогаш не му успеало на ниту еден бек

Шпанија ја забележа најубедливата победа во досегашниот дел од ЕП 2024, откако со 3:0 ја победи Хрватска. Еден од најискусните во дресот на Црвената фурија, Дани Карвахал донесе голема стабилност во играта во одбраната, но тој покажа дека одлично може да се снајде и во нападот.

Во последните моменти во првото полувреме, дефанзивецот одлично се најде пред противничкиот петерец и ја затресе мрежата на Хрватска за водство на Шпанија од 3:0 и ставање точка околу победникот на овој дуел.

Дека на Карвахал не му е непознато постигнувањето погодоци покажа и пред само две недели кога во финалето од Лигата на шампиони, токму тој го постигна голот за водство на Реал Мадрид од 1:0 против Борусија Дортмунд и широко го отвори патот кон освојување на нова европска титула за Кралскиот клуб.

Со голот синоќа против Хрватска, Карвахал се запиша во историјата на фудбалот како прв дефанзивец кој успеал во една иста година да постигне гол во финале на Лига на шампиони, а да биде и стрелец на Европско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести