Карвахал ја обнови повредата и ќе го пропушти дуелот против Аталанта

Дани Карвахал, десниот бек на Реал Мадрид, ја обнови повредата на бутниот мускул од десната нога и му следува нова пауза. Шпанецот се врати на терените по седум пропуштени натпревари, но издржа само 25 минути во победата над Валенсија, по што по третпат сезонава ќе биде во аут.

Поради тоа, Карвахал повторно се најде на листата на повредени играчи во редовите на шпанскиот првак и нема да биде во конкуренција за настап во првиот осминафинален меч против Аталанта во Лигата на шампионите закажан за 24 февруари.

Зидан повторно ќе мора да ротира со Лукас Васкес на десната бековска позиција бидејќи и Одриосола е повреден. За тој меч Зидан исто така нема да смета на капитенот Серхио Рамос, Едер Милитао, Еден Азар, Валверде, Родриго и Марсело.

- Оглас -

Најнови вести