15.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Карванот на Торцида го запали Сплит и најави фешта на дербито со Динамо (Видео)

Навивачите на Хајдук со нетрпение го очекуваат утрешното дерби на „Пољуд“ против Динамо Загреб, а вечерва низ улиците на Сплит имаа пиротехничко шоу и карван со огромен број автомобили и моторцикли.

Хајдук и Динамо имаат ист број бодови, двата тима киксираа во минатото коло и ќе водат голема битка за титулата во Хрватска.

Сцените од сплитските улици не само што ја обиколија Хрватска, туку и целиот регион, кој не можеше да биде имун. Ако е вака денеска на предиграта, којзнае како ќе биде на стадион утре од 17 часот кога почнува дербито.

Утре ќе „грми“ и во Белград, Партизан ја пречекува Црвена ѕвезда во српското супер дерби.

- Оглас -

Најнови вести