6.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Касано има коментар и за Алегри: „Ќе заврши како Мурињо, сите ќе го заборават“

Милан е на делба на првата позиција во Серија А, но според поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Антонио Касано, тие играат ужасен фудбал, а како главен виновник за тоа го посочи тренерот Масимилијано Алегри.

„Сетете се што ви реков за Мурињо, дека е готов и дека порано или подоцна ќе биде заборавен. Тоа ќе се случи и со Алегри. Милан е историја, убавина, естетика и квалитет. И што прават сега? Сите стојат пред голманот, нема убавина“, рече Касано.

Она што е интересно, Касано во својата кариера настапуваше за екипи како Милан, Рома, Интер и Реал Мадрид, а има само една титула, која ја освои во 2011 година, и тоа под водство токму на Алегри.

- Оглас -

Најнови вести