Поранешниот италијански репрезентативен напаѓач, Антонио Касано, со своите изјави постојано е во центарот на вниманието во Италија, а сега него цел беше репрезентативецот на Србија и член на Јувентус, Душан Влаховиќ. Србинот неодамна се пожали дека повеќе сака да игра за репрезентацијата, отколку за клубот, бидејќи тренерот го терал да игра и во одбрана.
„Влаховиќ во Фиорентина ги имаше најдобрите четири месеци во кариерата со постигнати 17 гола. Играше сам во нападот. Во Јувентус со Алегри играше на 70 метри од голот, а сега со Мота вели дека мора да игра и одбрана и да прави нешто кое не му се допаѓа. Преблемот е драг Влаховиќ што треба да играш фудбал, а ти не знаеш. Вредиш 75 милиони евра и ужасно играш. Ако имаш да му кажеш нешто на тренерот, кажи му во лице, а не од далечина.“ – му порача Касано.