Касемиро ја откри слабата точка на Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро, кој ја имаше една од поубавите шанси за Реал Мадрид на гостувањето кај Хетафе, но шутот му беше одбранет од Давид Сорија, вели дека Реал секогаш има проблем кога противникот има пет фудбалери во одбрана.

„Загубивме поради индивидуална грешка на еден од нашите најдобри играчи, но поразот е на целиот тим. Се мачиме кога играме против екипи кои имаат пет играчи во дефанзивниот ред. Така беше и со Еспањол, двата порази ни се против екипи кои имаа тактика со петмина играчи во одбрана. Пораз како пораз, и да победевме со 3-1, немаше ништо драматично да се случи“ – изјави Касемиро.

- Оглас -

Најнови вести