25.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Касемиро направи „грев“, негов избор за „Златна топка“ е Мо Салах!

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро, го остави настрана ривалството со Ливерпул, и го одбра Мохамед Салах како свој избор за освојување на „Златната топка“.

„Според мене, во овој момент за мене, најдобар е Салах. Тој е најдобриот играч со своето влијание во играта. Тој постигнува толку многу голови, асистира толку многу. Ливерпул не ја освои Лигата на шампионите, но за мене, најбалансиран во сезоната беше Салах“, рече Касемиро.

Оваа изјава не им се допадна на навивачите на Јунајтед кои го мразат Ливерпул и никако не би сакале Салах да го добие признанието, па го критикуваа Касемиро.

Добитникот на „Златната топка“ за 2025 ќе биде прогласен вечерва во 22.55 часот на церемонијата во Париз. Салах не е главен фаворит, но би требало да се најде меѓу првите петмина.

- Оглас -

Најнови вести