Англиските медиуми веќе подолг период најавуваат чистка во редовите на Манчестер јунајтед, а еден од оние кои требаше да си замине беше и дефанзивецот Каземиро. За бразилскиот интернационалец интерес имаше од Ал-Наср, но сега самиот фудбалер ова го демантира и вели дека неговата желба е да остане во Манчестер јунајтед.
„Среќен сум во Манчестер јунајтед уште од првиот ден кога дојдов. Тешко ми е да опишам колку сум добро прифатен тука, од клубот, од градот, од навивачите. Среќен сум и единствената желба ми е да го вратиме Манчестер јунајтед на старите патеки. Нема вистина дека ќе го напуштам клубот, а немам ниту желба за такво нешто“, вели Каземиро.