Касемиро нема да игра за Бразил поради проблем со забот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро, нема да може да му помогне на националниот тим на Бразил во претстојниот квалификациски циклус за СП 2022 поради проблем со заб. Бразилците треба да играат со Венецуела, Колумбија и Уругвај, а во средниот ред ќе го нема Касемиро.

Бразилската федерација од Реал Мадрид добиле лекарски извештај кој потврдува инфекција во умникот поради кој играчот е спречен да тренира во следните пет дена. На местото на Касемиро повикан е Даглас Луис од Астон вила.

Против Венецуела, во тимот на селекторот Тите ќе го нема ниту Нејмар, кој има акумулирани жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести