Касилјас и официјално во трка за претседателската позиција

Икер Касилјас, иако сè уште е активен играч, поднесе кандидатура за претстојните претседателски избори на кои ќе се добие новиот раководител со Фудбалската федерација на Шпанија. Легендарниот голман на Реал Мадрид ќе му биде противкандидат на актуелниот претседател Луис Рубијалес, кој раководи со позицијата од мај 2018 година.

Касилјас кандидатурата ја потврди на својот твитер-профил и останува уште да се потврди датумот на изборите, а најавено е дека најверојатно ќе се случат пред почетокот на Европското првенство. За новиот претседател ќе одлучува одборот составен од 139 членови.

- Оглас -

Најнови вести