16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Касилјас ја заведе вдовицата на ексфудбалер на Барселона кој се самоуби

Икер Касилјас цели 12 години беше во брак со новинарката Сара Карбонеро и нивната љубов долго време делуваше идеално, но на крајот решија да се разведат. Икер и Сара имаат две деца, но се договрија дека треба да се разделат.

Во последните неколку месеци Касилјас беше „врзуван“ со повеќе убави девојки, но на крајот медиумите потврдуваат дека некогашниот шпански репрезентативен голман  има нова љубов. Тоа е 43-годишната Марија Хозе Камачо, поранешна фудбалерка, која во блиско минато доживеа голема трагедија.

Марија беше жена на поранешниот голман на Барселона, Франсис Арнау, кој во мај минатата година сам си го одзеде животот. Шпанските медиуми ги фотографираа Икер и Марија заедно, а нивната романса трае веќе три месеци.

- Оглас -

Најнови вести