Еден од најдобрите голмани на сите времиња е Икер Касилјас. Беше незаменлив на голот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација. Касилјас со Реал има три титули во Лигата на шампионите и пет во првенството, а со Шпанија има два европски пехари и една светска круна.
Легендарниот голман го прослави 43-тиот роденден, а со порака на социјалните мрежи ги изненади своите фанови. Постави фотографија на која има нова фризура, односно е речиси ќелав.
„Никогаш нема да бидеме подобри отколку денеска. Што и да се случи, дојдоа 43 години! Му благодарам на сити“, беше пораката од Икер Касилјас.
View this post on Instagram
Касилјак помина 16 години во Реал Мадрид и собра речиси 500 настапи. Потоа замина во Порто, каде што во 2020 година ја заврши кариерата, и тоа откако преживеа инфаркт и имаше други проблеми со срцето.