Касилјас направи избор на три најдобри стадиони, едниот веќе не постои

Според голманот Икер Касилјас, најдобри три стадиони на кои што бранел се „Драгао“ на неговиот актуелен клуб Порто, „Сантијаго Бернабеу“ на неговиот некогашен клуб Реал Мадрид, и стариот „Сан Мамеш“ во Билбао. На листата од три стадиони кои би сакал да ги запознае, Касилјас ги наведе „Ванда Метрополитано“ на Атлетико Мадрид, „Селтик парк“ во Глазгов и стадионот „Мерцедес Бенз“ во Атланта каде се одигра годинешниот Супербоул во НФЛ лигата во американски фудбал.

Вака Касилјас му одговори преку социјалните мрежи на сонародникот Марк Бартра од Бетис, кој напиша кои му три омилени стадиони и на кои три би сакал да настапи.

Можеби стадионите на неговиот сегашен клуб и на Реал чиј голман и капитен беше долги години, му се омилени и не е изненадување што ги стави на листата, но Касилјас за повеќе од 20 години бранеше низ цел свет и видел безброј стадиони, па вистински комплимент е за стариот стадион на Атлетик Билбао, кој го наведе како трети на оваа листа на стадиони. Сега стадионот во Билбао е нов, но на Касилјас во паметење ќе му остане жешката атмосфера на стариот, пред реновирањето.

- Оглас -

Најнови вести