Касилјас подготвен ќе биде прв голман на Шпанија

Шпанија игра очајно посебно во одбраната. Тоа беше причината поради која „црвената фурија“ не стигна далеку на Светското првенство во Русија, а сега истиот проблем продолжува. Шпанија прими три гола за само едно полувреме прптив Хрватска и загуби, па сега стравува за тоа дали ќе остане на првото место во групата од Лигата на нации.

Шпанците сега се во исчекување на резултатот од мечот Англија и Хрватска. На „фуријата“ им одговара само нерешен резултат, за да останат лидери и да продолжат во полуфиналето од ова натпреварување. Како еден од главните виновници за лошите резултати е посочен голманот Давид де Хеа, кој на последните два меча прими дури шест гола.

Шпанскиот весник „Ас“ направи анкета за тоа кој голман е најсоодветна замена за Де Хеа. Дури 50 отсто од испитаниците мислат дека е време да се врати легендарниот Икер Касилјас. Со Икер на голот, Шпанија беше и европски и светски првак, а сега навивачите повторно го сакаат назад.

Во анкетата, зад Касилјас е Кепа од Челзи кој доби 40 отсто од гласовите, а Пау Лопез фигурира со само пет отсто од гласовите како можен наследник на Де Хеа. Касилјас има неверојатни 167 настапи за Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести