Легендарниот голман на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касилјас, повторно се огласи преку социјалните мрежи и предизвика хаос. Имено, пред неколку дена Касилјас ги запали на социјалните мрежи со пораката на „Твитер“ во која напиша дека е хомосексуалец, а на неговите објави се надоврза и Карлес Пујол, кој го праша зошто молчел досега.
Потоа Касилјас објави дека тој не е геј и неговиот профил бил хакиран и им се извини на сите.
Сега Шпанецот повторно се огласи по триумфот на Реал Мадрид од 3:1 над Барселона во 185-тото Ел Класико и повторно предизвика хаос на Твитер.
„Го сакам Феде Валверде во мојот живот“, напиша Касилјас на „Твитер“, по што доби речиси 8.000 коментари.