33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Касилјас уште една сезона меѓу диреците на Порто

Порто во следните неколку дена ќе ја активира клаузулата во договорот на Икер Касилјас според која ќе се задржи во Португалија уште една сезона. Триесет и седумгодишниот шпански голман ќе остане на „Драгао“ до јуни 2020 година, иако првично неговиот план беше по крајот на оваа сезона да најде ангажман во САД, поточно МЛС лигата.

Ексчленот на Реал Мадрид оваа сезона е незаменлив меѓу диреците на „змејовите“, настапи на вкупно 34 натпревари вклучувајќи ги средбите во португалското првенство и Лигата на шампионите. На стартот од групната фаза, Касилјас запиша настап во ЛШ во 20 последователни сезони.

Касилјас вечерва (21:30 часот) ќе треба да биде на потребното ниво, за Порто да може да обезбеди три бода против Маритимо и да поведе во трката за шампионската титула во Португалија, каде по 25 кола се вод „мртва трка“ со Бенфика и имаат ист број на бодови, по 60.

- Оглас -

Најнови вести