Каспер Долберг влета во првиот состав на Данска речиси во последен час на местото на стандардниот напаѓач Јусуф Поулсен и со погодок и донесе предност од 1:0 на својата репрезентација против Велс по првото полувреме во првото осминафинале на ЕП.
Напаѓачот на Ница постигна убав гол во 27. минута на асистенција на Дамсгард, а интересно е што тоа беше и првиот удар во рамките на голот на Велс, што го брани Дани Ворд.
Видео плејер
00:00
00:00
Веднаш потоа стрелецот на голот имаше уште една убава шанса да го дуплира водството на Данска, но не се снајде најдобро и резултатот по првиот дел остана 1:0.
Видео плејер
00:00
00:00