Каспер Руд е на две победи од првото место на АТП-листата

Норвежанецот Каспер Руд е прв полуфиналист на Отвореното првенство на САД во тенис. Во четвртфиналето, Руд со 6-1, 6-4, 7-6 го надигра Матео Беретини, а следен противник ќе му биде Ник Кирјос или Карен Хачанов.

Ако ги добие и полуфиналето и финалето, Руд од понеделник сигурно ќе избие на прво место на АТП-листата, а може да биде прв и ако дојде до финале, но противник да не му биде Карлос Алкараз. Ако отпаднат и Руд и Алкараз во полуфинале или пред тоа (Алкараз треба допрва да игра четвртфинале), тогаш првата позиција на АТП-листата ќе ја преземе Рафаел Надал.

Италијанецот Беретини од „Ролан Гарос“ во 2020 година наваму, на гренслемите испаѓаше или од Ѓоковиќ или од Надал, а сега на таа листа се приклучи и Руд, кој е прв Норвежанец што ќе игра полуфинале на гренслем.

- Оглас -

Најнови вести