Норвешкиот тенисер Каспер Руд го победи Шпанецот Карлос Алкарас со 2-0 во сетови (6-1, 7-5) во првото коло од групата „Џон Њукомб“ на завршниот Мастерс турнир во Торино, во меч кој траеше еден час и 27 минути.
Руд досега немаше победа против Алкарас на официјални мечеви, но успеа да го совлада благодарение на слабата игра на Шпанецот. Третиот тенисер на светот не беше на своето ниво, правејќи многу неизнудени грешки и пропуштајќи брејк шанси во првиот сет, кој Руд го доби со убедливи 6-1 во гемови.
Во вториот сет, Алкарас одигра подобро и поведе со 5-2, доближувајќи се до освојување на сетот и продолжување на мечот во трет сет.
Сепак, кога требаше да го заврши сетот, Шпанецот загуби концентрација, што му дозволи на седмиот играч во светот, Каспер Руд, да освои пет последователни гема и да го добие сетот со 7-5.
Во вториот дуел од првото коло во оваа група ќе се сретнат Александар Зверев и Андреј Рубљов.