Новак Ѓоковиќ поради повреда го откажа четвртфиналниот дуел против Каспер Руд на Ролан Гарос. Така Норвежанецот директно ќе оди во полуфинале, а ќе има и три дена одмор пред решавачките мечеви за титулата на Отвореното првенство во Париз.
Сепак, Каспер Руд како вистински спортист му искажа поддршка на Ѓоковиќ и вели дека не сакал на ваков начин да обезбеди настап во полуфиналето.
„Не е ова начинот на којшто сакав да се пласирам во полуфиналето. Му испраќам на Новак искрени желби за брзо заздравување и се надевам дека наскоро повторно ќе го видиме на тенискиот терен“, изјави Руд.
Лани Норвежанецот загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос.