Данскиот голман Каспер Шмајхел, е на пат да ја напушти Ница и да се врати во англиската Премиер лига.
Интерес за Шмајхел има од Нотингам форест. Шумарите имаат потреба од голман после завршувањето на позајмиците на Дин Хендерсон и Кејлор Навас кои се вратија во нивните клубови со кои се под договор.
Шмајхел стана шампион на Англија со Лестер, а во Ница е од август минатата година. Во Франција одигра 46 меча, прими 47 голови, а на 13 средби не прими гол.