Каталонската регионална влада и Фудбалската федерација на оваа шпанска автономна заедница сакаат организирање пријателски натпревар помеѓу машките фудбалски репрезентации на Каталонија и Палестина, што би се играл за време на ноемврискиот термин за меѓународни натпревари.
Каталонците се во преговори со Шпанската фудбалска федерација околу можноста овој натпревар да се игра на 18 ноември, истиот ден кога од 20.45 часот е закажан почетокот на дуелот Шпанија-Турција од квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Се водат преговори и со локалните власти за олимпискиот стадион „Луис Компанис“ во Барселона, познат и како „Монжуик“, да ќе биде домаќин на тој натпреварот помеѓу Каталонија и Палестина. Тој меч би бил со многу силна „емоционална и политичка компонента“, затоа и бараат стадион со поголем капацитет.
Три дена порано, на 15 ноември, веќе е потврдено дека Палестина ќе игра со Баскија на „Сан Мамеш“ во Билбао.