Каталонија слави: Барселона е освојувач на шпанскиот Куп! (Видео)

Вечерва во Каталонија нема да се спие, ќе се пее и ќе се слави, и тоа во чест на Барселона, која дојде до 32-риот трофеј од Купот на Шпанија. Трофеј кој не е обичен, туку е освоен со победа над вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и тоа после продолженија.

Барселона и Реал Мадрид одиграа меч кој ќе се памети, но и ќе се прераскажува уште долго. „Каталонците“ поведоа преку Педри, Реал направи пресврт со головите на Мбапе и Чуамени, но Феран Торес ја спаси Барселона од пораз и го однесе мечот во продолженија.

Таму конечното решение дојде во 116-тата минута. Лука Модриќ направи грешка при изнесувањето на топка, до неа дојде дефанзивецот на „каталонците“, Жул Кунде, кој се одлучи да оди сам до крај и одмерен удар погоди во мрежата на Тибо Куртоа.

Барселона е најтрофејниот клуб во Купот на Шпанија, сега со 32 трофеи, додека Реал Мадрид останува на 20.

- Оглас -

Најнови вести