Каталонски новинар тврди: „Една ера заврши, започнува нова во Сити“

Пеп Гвардиола ги минува најтешките денови во својата тренерска кариера. Манчестер сити има девет порази на последните 12 натпревари, во Премиер лигата е на седмата позиција и далеку е од борбата за титулата, додека во Лигата на шампионите се наоѓа на 22-рото место, само две позиции над цртата која носи пласман во разигрувањето.

Каталонскиот новинар и голем пријател на Пеп Гвардиола, Гилем Балаге, открива кои ќе бидат следните чекори на Граѓаните и најавува големи промени.

„Имам јасна слика што ќе се случи. Сити сака да се ослободи од петмина или шестмина фудбалери од првата постава и на нивно место да донесе исто толку нови играчи. Значи, половина од идеалните 11-мина на Сити ќе си заминат, а половина ќе дојдат нови. Тоа значи крај на една ера и почеток на нова“, вели Балаге.

- Оглас -

Најнови вести