10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Каталонски весник открива кои се петтемина фудбалери кои му подготвуваат „пуч“ на Чаби Алонсо

Јасно им е на сите дека нешто чудно се случува во соблекувалната на Реал Мадрид, но каталонскиот весник „Мундо сепортиво“ открива и кои се петтемина фудбалери кои му свртеле грб на тренерот на Кралевите, Чаби Алонсо, и подготвуваат пуч.

Еден од нив, секако, е Винисиус и тоа е јавна тајна, но останатите четворица се вистинско изненадување. Се работи за Џуд Белингам, Тибо Куртоа, Едуардо Камавинга и Федерико Валверде.

Петтемина си имаат свои причини, но заедничкото за сите е незадоволството од стилот на игра кој го практикува Чаби Алонсо, но и начинот на кој функционира Шпанецот и неговите барања за дисциплина.

- Оглас -

Најнови вести