Каталонските медиуми ја ставија Барса во втор план, денеска сите се за Жирона (Фото)

Разликата помеѓу Реал Мадрид и Жирона кои се водечки два тима во шпанската лига е само два бода, па затоа нивниот вечерашен меѓусебен дуел на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во нетрпение се очекува во цела Шпанија.

Сензацијата Жирона сезонава загуби само еднаш и тоа дома, токму од Реал. Ако победи Реал, би побегнал на пет бода и полесно би дишел во трката за титулата. Оние што не сакаат победа на Реал се сите Каталонци, без разлика дали се за Барселона, Жирона или друг клуб од тој дел на Шпанија.

Во денешните насловни страници на каталонските весници, нивната омилена Барса е ставена во втор план.

„Напред Жирона“, порачува „Спорт“ како главен наслов на насловната страница.

Во „Мундо депортиво“ се нешто помеки, таму главно е интервју со Витор Роке, а за дербито во Мадрид насловот им е „Да го освоиме Бернабеу“, со желба да дојде до промена на лидерот на табелата. Тие дури „се осмелија“ да стават и фотографија од првиот стрелец на Реал, Џуд Белингем.

 

- Оглас -

Најнови вести