Кога играат каталонските ривали Барселона и Жирона, тоа е најава за меч со многу голови. Така е барем ако се видат последните пет меѓусебни дуели, каде што секогаш било ГГ3+, а дури четирипати имало пет или повеќе погодоци. Вкупно, на последните пет меѓусебни дуели имало дури 25 погодоци, односно просек од пет гола на меч.
Токму затоа и вечерва на теренот на Жирона може да се очекуваат многу возбудувања. Интересно е дека на три од последните четири средби имало двоен стрелец, а кај Барселона по еднаш Левандовски и Јамал давале по два гола во 90 минути. Интересно е дека и Педри има два гола во последните три дуела, но на различни пресметки.
Во последните пет дуели, еднаш се случи и првиот гол да е автогол, а сега пак да биде така, квотата е дури 20.
Има многу игри, а покрај стрелец на гол или комбинации за стрелец и победник на меч, тука се и игрите за вкупно жолти картони, вкупно удари кон головите на двата тима, прв или последен корнер, вкупно фаули, вкупно офсајди и уште многу други игри.


