Каталонците добија корпа од Буфон

Џанлуиџи Буфон и на 43 години не размислува за пензија, па иако е слободен играч, по завршувањето на договорот со Јувентус, тој се подготвува да брани барем уште една сезона.

Иднината засега му е неизвесна, има неколку понуди на кои Буфон допрва треба да одговори, но сигурно е дека нема да се пресели во редовите на Барселона. Имено, иконата на италијанскиот фудбал ги одби Каталонците бидејќи не сака да му биде резерва на Тер Штеген.

Буфон бара клуб за којшто редовно ќе брани, односно ќе ја има улогата на прв голман. Таква опција му нуди Парма, која во следната сезона се враќа во Серија Б, но мали се шансите 43-годишниот Џиџи да се врати во клубот каде што му почна блескавата кариера.

Преселба во САД е исто така опција за Буфон, од каде што стигнаа повеќе понуди од МЛС-лигата.

- Оглас -

Најнови вести