Барселона успеа да ги регистрира Маркус Рашфорд и Жоан Гарсија пред првиот натпревар од Ла Лига, против Мајорка, па сега се чини дека раководството размислува и за нови освежувања на екипата.
Шпанските медиуми веќе пишуваат за можноста Душан Влаховиќ да се пресели во Каталонија, а според информациите и неговата цена е и повеќе од прифатлива. Србинот е член на Јувентус, но неговиот договор истекува следното лето, па раководството на „старата дама“ сака по секоја цена да се ослободи од него.
Моментално вреди 35 милиони евра, но Јувентус ќе биде задоволен и со 20-тина милиони евра за неговата продажба.