Членови на раководството на Барселона се упорни во настојувањето да му биде даден отказ на Роналд Куман, и тоа уште денеска, но претседателот Жоан Лапорта се спротивставил, иако ниту тој веќе не верува во холандскиот стручњак по дебаклот против Баерн Минхен, кога Барса не упати ниту еден шут кон противничкиот гол.
Попладнево имало состанок на кој се дискутирало за кризата во тимот. Договорот на Куман е до крајот на сезонава и ако биде сменет пред тој рок, ќе треба да му се платат 12 милиони евра. Освен што клубот нема толку пари, Лапорта не сака да го избрка Куман и поради тоа што нема најдено соодветна замена.