Каталонците најавуваат фудбалски земјотрес: Меси се враќа во Барселона?

Барселона не се откажува од идејата да го врати својот најдобар играч во клупската историја, Лионел Меси.

Управата на каталонскиот тим сериозно размислува во зимскиот преоден рок да се обиде да го ангажира Меси на позајмица до крајот на сезоната, доколку неговиот актуелен тим, Интер Мајами, не успее да се пласира во плејофот во МЛС-лигата, објави весникот „Спорт“.

Мајами моментно е оддалечен пет бода од позицијата која носи пласман во плејофот, а до крајот на регуларната сезона треба да се одиграат уште три натпревари.
Меси поради повреда ги пропушти последните четири натпревари на Интер Мајами и засега не е познато колку ќе отсуствува од терените.

Доколку обезбеди пласман во плејофот, сезоната за Интер и Меси би можела да трае до деветти декември, но весникот „Спорт“ пишува дека во тој случај, Барселона нема да се обиде да ангажира Меси на позајмица.

Весникот пишува дека и управата на Барселона не разговарала со колегите од Интер Мајами за нејзината идеја да го позајми Меси.

- Оглас -

Најнови вести