6.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Каталонците одлучија: Договорот со Левандовски нема да биде продолжен!

Договорот на Роберт Левандовски и Барселона истекува на крајот од оваа сезона, а постои и клаузула според која тој може автоматски да биде продолжен за уште една доколку се согласат двете страни.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека раководството на Kаталонците веќе ја донело конечната одлука, а таа е да не биде активирана клаузулата. Тоа би значело дека Левандовски налето ќе биде слободен фудбалер, а одлуката која допрва треба да ја донесе е дали ќе оди во пензија или ќе бара нов клуб.

Полскиот репрезентативец во Барселона пристигна пред четири години и на 162 натпревари за Kаталонците постигна 109 гола, а имаше и 21 асистенција. Оваа статистика сигурно ќе биде подобрена до крајот на оваа сезона бидејќи Левандовски е ударна игла на Барселона и незаменлив во нападот.

- Оглас -

Најнови вести